Пандев е легенда во Италија, но Македонец уште во 1950 година дал гол во Серија А!

10589

 

Во пресрет на бараж мечот за пласман на СП во Катар 2022 година, со Италија во Палермо, убаво ќе биде да видиме кој се од нашите фудбалери играл на „Чизмата“. Кој се играл од Македонците играл во Серија А, Серија Б и Серија Ц.

Секако дека главна “фаца“ е Горан Пандев. Тој е икона на мак –фудбалот а легенда во Италија.Имено во Серија А одиграл 493 меча а постигнал вкупно 101 гол. Уште игра, и тоа во Парма во Серија Б, има играно на почетокот од кариерата и во Серија Ц.

Негов наследник секако дека е Елиф Елмас кој блеска во Наполи. Важи за еден од најдобрите играчи во составот на Спалети. Свој белег оставија Илија Несторовски, Александар Трајковски, а во Серија А има играно и Агим Ибраими и има дадено голови за Каљари.

Секако дека не смееме да заборавиме на Дарко Панчев и неговата несреќна епизода во Интер.

Инаку вкупно 14 Македонци играле во трите лиги во фудбалска Италија. Сите тие на јавноста и се добро познати, но зачудувачки е тоа што наидовме на податок дека во сезоната 1949/50 во Серија А играл Македонецот од Битола Спасоје Николиќ. И не само што играл туку дал и гол за својата Венеција тогаш. Станува збор за битолчанец кој е роден во 1922 година,играл и во Франција. Почина во 1978 година на само 56 години.

ГОРАН ПАНДЕВ:

СЕРИЈА А: (Анкона,Лацио, Интер,Наполи, Џенова)

Натпревари:493

Голови: 101

СЕРИЈА Б: (Парма)

Натпревари: 5

Голови: 1

СЕРИЈА Ц: (Специја)

Натпревари: 22

Голови: 4

 

ЕЛИФ ЕЛМАС:

СЕРИЈА А: (Наполи)

Натпревари: 89

Голови: 5

 

ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ:

СЕРИЈА А :(Палермо, Удинезе)

Натпревари: 88

Голови: 16

СЕРИЈА Б: (Палермо)

Натпревари: 57

Голови: 27

 

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ:

СЕРИЈА А: (Палермо)

Натпревари: 43

Голови: 4

СЕРИЈА Б: (Палермо)

Натпревари: 65

Голови: 12

 

АГИМ ИБРАИМИ:

СЕРИЈА А: (Каљари)

Натпревари: 25

Голови: 2

 

ДАРКО ПАНЧЕВ:

СЕРИЈА А: (Интер)

Натпревари: 19

Голови: 3

 

СПАСОЈЕ НИКОЛИЌ:

СЕРИЈА А: (Венеција)

Натпревари: 18

Голови: 1

СЕРИЈА Б: (Венеција)

Натпревари: 33

Голови: 6

 

СТФАН РИСТОВСКИ:

СЕРИЈА А: (Парма)

Натпревари: 6

Голови: 0

СЕРИЈА Б: (Кротоне, Бари, Латина, Парма)

Натпревари:83

Голови:3

СЕРИЈА Ц: (Фросиноне)

Натпревари: 12

Голови: 0

 

ГОРАН СЛАВКОВСКИ:

СЕРИЈА А: (Интер)

Натпревари: 1

Голови: 0

 

НИКОЛА ЈАКИМОВСКИ:

СЕРИЈА Б: (Варезе, Комо,Бари, Беневенто,Трапани)

Натпревари: 48

Голови: 2

СЕРИЈА Ц: (Венеција, Биселје, Монополи)

Натпревари: 37

Голови: 0

 

ЛЕОНАРД ЖУТА

СЕРИЈА Б: (Лече)

Натпревари: 22

Голови: 0

 

БОБАН НИКОЛОВ:

СЕРИЈА Б: (Лече)

Натпревари: 15

Голови: 0

 

МЕНСУР КУРТИШИ

СЕРИЈА Б: (Варезе)

Натпревари: 3

Голови: 0

СЕРИЈА Ц: (Матера)

Натпревари: 5

Голови: 1

 

ФИЛИП ПИВКОВСКИ

СЕРИЈА Б: (Новара)

Натпревари: 1

Голови: 0

СЕРИЈА Ц: (Мартина)

Натпревари: 12

Голови: 0

ПретходноСтаро добро позната ситуација: Бејл е сосема поинаков кога се работи за Велс
СледноБарса убедливo во Берлин, Реал „прокоцка“ плус десет