Петровиќ: Момците го испочитуваа сето она што го договоривме!

238

Александар Петровиќ ја запиша првата победа во АБА2-лига како предводник на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак го доби дуелот со Широки со 78-91 во првиот меч од последниот „балон“.

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија битката за врвот на табелата, ако Борец Бања Лука не киксира утре, тогаш оваа дилема ќе биде решена во петок кога се среќаваат токму двата тима.

По завршување на мечот, Петровиќ имаше само пофални зборови за неговите момци.

„Им честитам на момците на одличата партија вечерва, го испочитуваа сето она што се договоривме. Имавме контрола во скокот. Честитки и до Широки за пружената игра, како и честитки до публиката за одличната атмосфера“, изјави по мечот кратко Петровиќ.

ПретходноХансен поради здравствени проблеми пред време ја заврши сезоната
СледноНадал вчера откри дека не можел да дише, сега ја откри причината