Потврдено – Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Монте Карло

157

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на претстојниот Мастерс во Монте Карло (од 9 до 17 април) потврдија организаторите на турнирот. Тоа ќе биде втор турнир на српскиот тениски ас во 2022 година и шанса во најсилна конкуренција да го брани првото место на светската АТП листа. По агонијата во Мелбурн, Новак неодамна играше на турнир во Дубаи каде беше елиминиран во четвртфиналето од Јиржи Весели и тогаш го изгуби првото место на АТП листата.
Во меѓувреме не му беше дозволено да се натпреварува во Индијан Велс, но и покрај тоа се врати на првото место на АТП листата, па светскиот тенисер број 1 сега ќе ја нападне третата титула во Монте Карло.
На турнирот ќе учествуваат Рафаел Надал кој 11 пати го освојувал овој турнир, потоа Медведев, Зверец, Циципас, Беретини… Циципас е бранител на трофејот од минатата година.

ПретходноБритански милијардер ја крена понудата за Челзи и ќе ги вклучи навивачите во донесувањето на одлуки
СледноМобилизација на “фалангата“: Пристигнаа првите фанови во Палермо!(ФОТО)