И дефинитивно е јасно дека Елиф Елмас, членот на Наполи, се наметнува како наша најголема фудбалска „ѕвезда“. Штета што нема да игра во Палермо, но се надева дека ќе игра за својата Македонија во финачниот бараж дуел, против Португалија или Турција. Иако нема да настапи на “Ренцо Барбера“ и нашиот Дијамант е во експедицијата за Палермо, која веќе летна со чартер – лет. На скопскиот аеродром имаше неколку наши фанови кои им посакаа на своите миленици добар настап и радосни вести.
Секако дека од Дијамантот се бараше и автограм, а каде ако не на дресот.
Да. Потписот на Елмас на македонски дрес е НЕПРОЦЕНЛИВО.