Ристоски со Ал Рајан ја освои титулата во Катар

265

Со само два порази во тековната сезона, екипата на Ал Рајан на чија клупа седи македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски стана шампион на Катар.

Ристоски го презема тимот на почетокот на сезоната, и уште во првата година од престојот на клупата на Ал Рајан успеа на тимот да му обезбеди две големи признанија. Најпрво Ал Рајан го освои Арапскиот клупски шампионат, а од вчера и официјално е нов одбојкарски првак на Катар.

Ристоски е и поранешен селектор на македонската одбојкарска репрезентација и долгогодишен репрезентативец.

ПретходноСтоле оптимист: Ја победивме Германија, зошто не и Италија!
СледноНејмар почна на тренинг да доаѓа пијан? За него ПСЖ е завршена приказна