Старо добро позната ситуација: Бејл е сосема поинаков кога се работи за Велс

1312

Герет Бејл последен пат играше на 15. февруари, а во Реал Мадрид почесто е на трибините или пак на клупата за резерви. Дури и кога на тренерот Карло Анчелоти му недостига играч во нападот, како против Барселона, тој не добива шанса.

Пред мечот со ПСЖ, Бејл беше стартер против Виљареал на 12. февруари, откако со месеци не играше, беше целосно забравен.

За него Анчелоти има оправдување секогаш: „не е доволно подготвен“ или „има здравствени проблеми“, но фотографијата од тренингот на репрезентацијата на Велс вели нешто друго.

Бејл е насмеан, расположен, делува разиграно и веруваме дека националниот тим ќе има корист од него во мечевите што доаѓаат. Велс во четврток игра против Австралија во бараж полуфиналето за место на СП во Катар.

Според многумина неговиот најголем проблем во Реал е тоа што не му се игра, повеќе ужива играјќи голф, отколку да игра за клубот, во дресот на Велс секогаш игра со голема страст и го дава максимумот, што не случај со „кралевите“. И оваа слика не е првпат.

ПретходноЧешка повторно не полета на време поради дефект на авионот!
СледноПандев е легенда во Италија, но Македонец уште во 1950 година дал гол во Серија А!