Стевановиќ: Македонија е екстра квалитетна, а ние мора да функционираме како тим, а не како поединци

243
U21 SRBIJA trening na stadionu Vozdovca Beograd, 21.03.2022. foto: Nebojsa Parausic Fudbal, Srbija

Селекторот на репрезентацијата на Србија до 21. година Горан Стевановиќ во интервју дадено за Фудбалската Федерација за Србија го најави дуелот со Македонија вчетврток на домашен терен. Потенцирајќи дека него и неговите репрезенаттивци ги очекува екстра тежок натпревар во многу специфичен момент.

„Македонија е екстра квалитетна репрезентација. Тоа го покажаа неколку пати во овие квалификации. Одиграа добро против репрезентации од кои ние загубивме. Ние мора да сфатиме дека ова е национален тим и дека индивидуалците не се најважни туку колективот, односно тимскиот дух, работа и успех. Тоа е нашиот најголем проблем во моментов. Тоа што некои играчи веќе направиле трансфери во странски клубови не значи дека се звезди односно дека се поинакви од другите. Сите се тука исти. Македонија во моментов има одлична генерација, и не само оваа. Години наназад Македонија е одлична. Студиозно работат, ете гледате седум осум играчи од минатите генерации се сега носители на А репрезентацијата. Мојот драг пријател Канатларовски е добар, искусен тренер. Играат дисциплинирано, не грешат премногу. Имаат индивидуеален квалитет, но колективен. Македонија е во една фудбалска експанзија и секоја пофалба за тоа“ – изјави селекторот на Србија, Горан Стевановиќ

ПретходноЗа бараж мечот Италија – Македонија билети се “препродаваат“ и за 1.079 евра!
СледноМакедонија од вториот шешир ќе ја чека ждрепката во квалификациите за ЕП 2024!