Трајковски: Сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле

166

Македонската фудбалска репрезентација попладнево патувза за Италија, каде в четврток во Палермо ќе го одиграме првиот од двата последни меча на патот до СП 2022. Александар Трајковски се враќа на познат терен, со оглед на тоа што еден дел од својата кариера ја мина токму во миленикот на градот во кој ќе се одигра бараж дуелот.

„Среќен сум што мечот се игра токму на местото каде поминав четири прекрасни години. Верувам во нас и верувам дека ќе можеме да дојдеме до добар резултат и да ја израдуваме нашата јавност. Сите знаеме дека никогаш не е добро да се потцени противникот. Јас искрено сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле. И ние имаме одлични играчи кои играат во силни лиги и ќе им покажеме дека вредиме. Ова е еден меч, ќе биде важен и за нив и за нас. Ние никогаш не сме биле во ваква ситуација на два меча од светско првенство. Нема што да загубиме, треба да го покажеме најдоброто од нас и да потврдиме дека можеме да одиме понатаму“, вели некогашниот првотимец на Палермо.

ПретходноВардар ги отвора вратите на „Јане Сандански“ за дербито со битолчани
СледноСтоле оптимист: Ја победивме Германија, зошто не и Италија!