Убави сцени пред ФФМ. Репрезентативците го одржаа последниот тренинг пред патувањето во Палермо, на бараж мечот со Италија за СП во Катар, а тука пред платото на ФФМ беа пречекани од фановите кои чекаа да влезат во автобусите за да заминат во Палермо. Каде ќе го бодрат нашите “рисови“. Тој навивачки караван е во организација на ФФМ.
Фановите со извици и “бакљи“ ги поздравија играчите, и им ветија дека ќе се видат во Палермо каде од нив очекуваат повторно добар настап и добар резултат.
Убава глетка, нема дилеми.
БРАВО за фановите, БРАВО за нашите национали.