Францускиот судија Клемен Турпин ќе ја дели правдата на четврточната бараж пресметка меѓу Италија и Македонија во Палермо. Човекот кој беше на центарот за ласното финале во Лигата на Европа меѓу Виљареал и Манчестер Ј., сега ќе ни суди нас на најважниот меч на патот до Мундијалот во Катар.
Негови помошници ќе бидат Николас Дано и Сирил Грингор, а четврти судија ќе биде Беноа Бастиен. Во ВАР собата ќе работат Далажо Вили и Жером Бисар.
Интересно е тоа што Турпин досега судел на три меча на италијанската фудбалска репрезентација и освен тоа што „аѕурите“ победија на сите три меча под арбитража на Французинот, згора на тоа не примија ниту еден гол (Италија – Полска 2:0, Лига на Нации 2020), (Италија – Уругвај 3.0, пријателска 2017), (Италија – Шведска 1:0, ЕП 2016, четврти судија).