Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ, Нејмар, очигледно заврши со парискиот тим. По дебаклот во Лигата на шампионите, навивачите најмногу се вртеа против него, кого го обвинуваат за бројните повреди и проблеми надвор од теренот.
ПСЖ пред пет години и плати на Барселона 222 милиони евра, но тој никогаш не се наметна како лидер и играч кој прави разлика на важните натпревари од Лигата на шампионите. Бразилецот ги изнервира навивачите со изјавата дека би сакал наскоро да се испроба во МЛС и дека поради големиот притисок ја губи волјата за фудбал.
Моментално однесувањето на Нејмар придонесува за ужасната атмосфера внатре во клубот и само се чека крајот на сезоната за да се исчисти соблекувалната. Даниел Риоло, новинар на „Радио Монте Карло“, тврди дека Нејмар е во лоша состојба.
„Речиси не тренира, на тренинзите пристигнува мизерно на работ на пијанство. Него веќе не го интересира ни клубот и натпреварите“, вели новинарот.