Евролига донесе дефинитивна одлука, руските тимови се исфрлени од ова натпреварување. Причината веќе е позната, поради руската инвазија во Украина резултатите на ЦСКА, Зенит и Уникс Казан се избришани.

Освен овие екипи, и Локомотив Кубан нема да игра во Еврокупот, што пак е од големо значење за Партизан, бидејќи беше поразен од рускиот претставник.
Што се однесува до Евролигата во ова натпреварување останаа 15 екипи и табелата доби нов изглед. Најдобро помина Басконија која беше поразена на пет мечеви од руските тимови, одново има шанси да биде меѓу најдобрите осум.
Од друга страна Монако со учинок од 15/14 и петото место на табелата, сега падна на осмото место со скор од 11/13. Водечката Барселона и Реал Мадрид ги задржаа своите места.