Се ближи крајот на кариерата, Ибра призна: Ме фаќа паника!

455

Иако има 40 години, Златан Ибрахимовиќ нема намера да се откаже, сака да продолжи да игра. Шведскиот напаѓач се препороди во Милан, а сега има цел да игра на Светското првенство во Катар. Секако до таму со неговата репрезентација ги чека дуел со Чешка, а потоа финале за место на Мундијалот, секако доколку ги добијат двата дуели.

На официјалната прес-конференција новинарите го прашаа дали ќе стави крај на репрезентативната кариера доколку не успее да избори пласман на Светското првенство.

„Ќе продолжам да играм додека можам, додека можам да давам голови и да помогам на тимот. Но, најважно ќе биде да се чувствувам добро. Сакам да имам живот и после фудбалот, сакам да се чувствувам добро во новиот живот. Ќе видиме. Уште не сум таму, но одиме на СП“, порача Ибра.

За својот крај во националниот дрес вели дека не размислува.

„Најдобро се чувствувам на теренот. Среќен сум и благодарен што и на 40 години игран на високо ниво, и секако што можам да и помогнам на својата земја. Да, имав многу повреди во последните години, но морам тоа да го прифатам. Не сакам подоцна за ништо да жалам. Се обидувам да го искористам секој момент. Да, признавам дека ме фаќа паника кога ќе помислам дека ќе престанам да играм фудбал

Имам и мал страв што ќе биде потоа. Знам дека ќе имам многу понуди, но тој адреналин кој го добивам на теренот, нема да го добијам на ниту едно друго место, затоа ме фаќа паника“.

ПретходноБарса убедливo во Берлин, Реал „прокоцка“ плус десет
СледноМЗТ Скопје му одржа лекција на Широки (ФОТО)