Столе оптимист: Ја победивме Германија, зошто не и Италија!

191

Првиот голман на нашата фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, пред денешниот последен тренинг во Скопје пред заминувањето за Палермо, вели дека ова е најважниот меч за оваа генерација.

„Ова за нас е најбитниот меч. Мислиме на натпреварот и секако, одиме на победа. Јасно е дека поседуваме квалитет, бидејќи за да стигнеш до овде не е ништо случајно. Ја победивме Германија во група, па зошто не и Италија, иако тие се европски шамоиони. Најважно е ние да се подготвиме најдобро и да покажеме зошто сме таму. Очигледно е дека составот е скоро ист, така што во Италија кој и да игра, сите играчи се квалитетни. Ние мора да го дадеме нашиот максимум ако сакаме победа“, вели голманот на Рајо Ваљекано.

ПретходноТрајковски: Сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле
СледноРистоски со Ал Рајан ја освои титулата во Катар