Палермо од денеска е во боите на Македонија. Градот во кој очекуваме да се испише уште една фудбалска историја е обоено во – „црвено – жолто“. Нашите навивачи веќе пристигнуваат во овој град на Сицилија, се загреваат и порачуваат – ОДИМЕ НА ПОБЕДА.
Нема што, “фалангата“ и тоа како ќе го “нападне“ Римското царство.
Се разбира малку историја не е на одмет, да се знае кој бил кој некогаш, а сега?
Сега одиме на победа среде Палермо, среде Сицилија…
Веќе ечи низ улиците на Палермо – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА.
В четврток на трибините на “Ренцо Барбера“ ќе има намалку 2.000 фанови кои ќе бидат со нашите национали и на кои ќе биде дадена сета можна поддршка.
А, до тогаш, нека видат Италијанците која е Македонија, која е “фалангата“.