Чешка повторно не полета на време поради дефект на авионот!

705

Фудбалската репрезентација на Чешка, која во четврток се соочува со Шведска во европскиот плеј-оф за Светското првенство во Катар, мораше да го одложи своето полетување за Шведска за 24 часа поради проблем со авионот со кој требаше да лета во вторник.

„Репрезентацијата на Чешка ќе го промени распоредот, за Шведска ќе отпатува дури во среда поради дефект во авионот“, соопштија од тамошната федерација.

Ова не е првпат Чесите да бидат жртви на одложување на лет поради проблем со авионите и нивната исправност. Минатото лето, за време на Еуро, тие доцнеа на летот од Прага за Будимпешта каде што беше закажан нивниот осминафинален натпревар против Холандија. Инцидентот не ги дестабилизира, победија со 2-0.

ПретходноНестварно: ПСЖ им плаќа на Нејмар 4 милиони евра месечно, на Меси 3,3 милиони, на Мбапе 2,2 милиони!
СледноСтаро добро позната ситуација: Бејл е сосема поинаков кога се работи за Велс