Воша: Одиме на победа и ниту еден ривал нас не не плаши

357

Македонската репрезентација до 21 година веќе два дена како се подготвува во Белград за претстојниот дуел од квалификациите против домашната Србија. Имаме ние и тоа како големи мотиви на овој меч да извојуваме поволен резултат, затоа што со потенцијалното откажување на Украина од оваа кампања (причините се знаат) нам ни ги отвора шансите за освојување на второто место и пласман во баражот за ЕП во 2023 година.

„Искрено мора да кажам дека она што се случува со репрезентацијата на Украина нас не ни менува премногу. Да, ни отвора шанса која треба, сакаме да ја искористиме, но тоа пред се мора да го одработиме на терен. Ние со тоа не смееме да се оптоваруваме, мора да сме сконцентрирани само на она што следува. А тоа е мечот против Србија в четврток и евентуалниот успех на него. Лично сметам дека победата е единствена опција затоа што по природа сум секогаш оптимист и кога излегувам на терен без разлика против кого сакам да победам. Ривалот не ме интересира. Селекторот Канатларовски пробува да ни го всади тој победнички менталитет, и мислам дека успева во тоа“ – вели офанзивецот на Македонија ЃП, и младински репрезентативец на Македонија, Арби Воша.

Трансферот и големиот клуб, не прави тимска игра и дух

Македонија веќе еднаш одигра во оваа кампања против Србија. Во Охрид, ремизиравме 0:0 во игра која покажа дека Србија и покрај големиот број на интернационалци од сериозни клубови од Еропа сепак, не покажа некаков екстра квалитет.

„Индивидуалниот трансфер на поедин играч и клубот каде што настапува не го прави репрезентативниот дух и игра на повисоко ниво напротив. Мора тоа да се изгради самото по себе. Ако ние тимски одиграме како што треба, се однесуваме на терен како еден, а не како единаесет индивидалци, ќе имаме далеку поголеми шанси да успееме, не само на овој меч туку воопшто. Тоа што противникот, конкретно Србија во случајов има индивидуалци од големи европски клубови, не значи ама баш ништо. На терен се покажува се“ – додава Арби Воша.

 

 

ПретходноЛукаку е решен: Се враќам во Интер!
СледноМитровиќ: Знаеме како со Македонија