И Русија поднесе кандидатура за организатор на ЕП!

167

Малку чудно, но ете, вистина е. Русија денеска, како што објави УЕФА поднела кандидатура за организација на ЕП за 2028 и 2032 година. Велиме чудно зошто се знае дека УЕФА и ФИФА ја искклучија Фудбалската федерација на Русија од сите натпреварување поради војната во Украина.

Инаку од Нион е објавено дека за ЕП 2028 година своја кандатура поднела Англија заедно со Шкотска, Велс, С. Ирска и Р. Ирска. Додека Италија пак сака да го органзира ЕП во 2032 година.

Турција исто така поднела кандидатура за ЕП во 2032 година. Инаку познато е дека ЕП во 2024 година ќе го организира Германија, а за тоа кој ќе биде организатор за наредните две Европски ќе се знае следната година.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Е.Пелистер 2 е последниот патник на Ф4
СледноБорац „киксна“, МЗТ Скопје има „златна“ шанса за врвот!