Лукаку е решен: Се враќам во Интер!

525

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, им кажал на своите соиграчи дека има намера да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Весникот „АС“ пишува дека 28-годишниот Белгиец по секоја цена сака да се врати во Интер.

Претходно се дозна дека Лукаку е подготвен да прифати намалување на платата, само за да се врати во Интер. Белгискиот напаѓач, чии изјави за симпатиите кон миланскиот клуб веќе го чинат одредена сума, може да се пресели во Интер и на позајмица.

28-годишниот напаѓач постигна 12 гола и реализираше две асистенции за Челзи во 34 настапи во сите натпреварувања оваа сезона.

ПретходноПандев: Од се срце ќе навивам за Македонија
СледноВоша: Одиме на победа и ниту еден ривал нас не не плаши