Младите го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Србија! (ФОТО)

325

СПОРТМЕДИА во Белград, Огнен Дојчиновски

Македонската репрезентација до 21 година тренираше денеска на стадионот на Вождовац каде што утре со почеток во 17 00 часот го играме квалификацискиот дуел со домаќинот Србија. Нашите репрезентативци на теренот со вештачка трева одработија максимално ангажирано но претпазливо затоа што оваа подлога се знае дека не е баш најјидеалната за игра. Сепак, тоа нам не треба да ни претставува никаков проблем ниту пак евентуално алиби затоа што како што најавија избраниците на селекторот Канатларовски утре одиме на победа. Сите репрезентативци се фит и се во конбинација освен Марио Младеновски кој на овој меч паузира поради жолти картони.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

ПретходноВнимание: Италија на последните пет меча во Палермо има пет победи!
СледноОфицијално: Брозовиќ во Интер до 2026 година!