И официјално, Марсело Брозовиќ ќе биде дел од Интер до јуни 2026 година. Иако се најавуваше негово заминување, голем број клубови беа заинтересирани за неговите услуги, сепак Хрватот и челниците на шампионот на Италија најдоа заднички јазик и потпишан е нов договор на задоволство на двете страни. Се шпекулира дека со овој нов договор, играчот за врска на Интер ќе заработува 6,5 милони евра годишно.