Тенискиот свет во шок: Најдобрата тенисерка оди во пензија на 25 години!

289

Ешли Барти, светскиот тенисер рекет број еден, изненадувачки најави повлекување од тенисот на 25-годишна возраст, кога е во врвот на својата кариера. Австралијката се откажува по 15 титули, неполни два месеци по освојувањето на Австралија опен. Тоа беше нејзин трет триумф на Гренд слем турнирите во сингл по Вимблдон во 2021 година и Ролан Гарос во 2019 година.

„Знам колку работа е потребна за да се извлече максимумот од себе… Некако веќе го немам тоа во мене“, вели Барти  во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм профил во средата.

„Веќе немам физичка, емоционална желба и сè што ми е потребно за да се предизвикам на највисоко ниво“, дополни таа.

Барти се врати во 2016 година и брзо се искачи на врвот на ВТА листата, заработувајќи светска слава не само за нејзината одлична изведба, туку и за нејзиното фер-плеј однесување. Барти помина вкупно 121 недела како светски рекет број еден и се чинеше дека е предодредена за голем број други успеси на најголемите турнири.Таа ја зваршува кариерата со 305 победи во 407 сингл натпревари. Во кусата кариера успеа да освои и бронзен олимписки медал во мешани двојки од Токио 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ash Barty (@ashbarty)

ПретходноДенвер ја продолжи агонијата на Клиперс, Орландо ги запре „воините“
СледноМанчини: Мислам само на Македонија, вториот меч не ми значи ништо ако не победиме