Шокантно: Јувентус пред исфрлање од Серија А!

3929

И одново медиумите и целата спортска јавност во Италија се занимаваат со Јувентус. Иако утре играат бараж со Македонија, Италијанците во преден плант го ставаат заминувањето на Дибала од Јуве, но и заканите на првиот човек на Фудбалската федерација Италија, Габриеле Гравина кон „црно – белите“ од Торино.

Имено познато е дека во последно време Андреа Ањели, првиот човек на Јуве, се залага за враќање на пропадниот проект – Суперлига.

На ова Гравина денеска за медиумите истакна..

Ако тоа навистина се случи, ако тој проект стане реалност, тогаш бидете уверени дека Јувентус ќе биде исфрлен од шамионатот на Италија. Суперлигата е погршен одговор на потребите на нашиот фудбал. Ние мора да размислуваме како тоа да го подобриме квалитетот во Серија А, а не да се занимаваме со проекти како што е Суперлигата“ истакна Гравина.

ПретходноСтефан Ристовски : Го запрев Роналдо, знам како се запира Италија!
СледноАбрамович ќе му биде газда на Јаховиќ!?