Екипата на Алкалоид триумфално го заврши регуларниот дел од сезоната во Првата лига. Дебитантот во последното коло го совлада Јуниор К.В со 33-25 и во победнички ритам ќе го дочека плеј-офот, каде ќе пренесе максимални бодови.
Домаќинот уште на стартот наметна свое темпо, поведе со 8-3, на одморот имаше водство од четири гола (17-13). Во вториот дел не се смени сликата, Алкалоид доминираше на теренот.
Мартин Серафимов со девет гола беше прв стрелец, Ѓорѓиев имаше шест гола,зад него беше Кофиловски со пет погодоци. На другата страна Печенковски имаше осум гола, еден помалку запиша Илиевски.