Борац „киксна“, МЗТ Скопје има „златна“ шанса за врвот!

678

На МЗТ Скопје пред стартот на плеј-офот, кој се игра во Скопје, патот кон врвот широко му се отвори. Актуелниот македонски првак триумфираше на првиот меч во Широки Брег (домаќинот на последниот балон од регуларниот дел од сезоната во АБА 2-лига), а сега веќе шанса да го зграби првото место на табелата.

Иако се чинеше дека Борац Бања Лука ќе успее да го добие мечот со Сутјеска, сепак потклекна, во драматична завршница беше совладан со 74-75. Босанскиот тим има ист скор како и МЗТ Скопје, девет победи и два порази. Па директната пресметка меѓу овие два тима која е закажана во петок ќе реши кој ќе заврши на првото место на табелата пред стартот на плеј-фот.

Покрај Борац, актуелниот македонски првак во Широки Бриег ќе ги одмери силите со Златибор.

ПретходноИ Русија поднесе кандидатура за организатор на ЕП!
СледноНант убедливо до 1/4 финале во Купот, Лазаров речиси перфектен