Кошаркарите на Денвер на домашен терен го совлада Лос Анџелес Клиперс со 127:115, со нов дабл-дабл учинок на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Гостите дојдоа на само два поени разлика во четвртата четвртина (109:111), но тимот од Колорадо до крајот на натпреварот направи серија од 16:6 и со тоа им го нанесе четвртиот последователен пораз на Клиперс. Јокиќ до 59. дабл-дабл дојде со 30 поени и 14 скока, а во победата на својот тим забележа и шест асистенции, три блокади и две украдени топки.
Теренс Ман постигна 24 поени и осум скока за Клиперс, а Маркус Морис, Реџи Џексон, Ајсаја Хартенштајн и Роберт Ковингтон додадоа по 14 поени.
Денвер е на шестото место во Западната конференција, последното кое води во плеј-офот, со скор од 43 победи и 30 порази, додека Клиперси се на осмото место со 36 победи и 38 порази.
Орландо на домашен терен беше подобар од Голден Стејт со 94:90 и направи мало изненадување во финишот на регуларниот дел од сезоната. Во тимот од Флорида најефикасен беше Вендел Картер Јуниор, кој постигна 19 поени. Со овој пораз Голден Стејт и математички му ја препушти првата позиција во Пацифичката дивизија на Феникс.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Голден Стејт 94:90
Њујорк – Атланта 111:117
Милвоки – Чикаго 126:98
Денвер ЛА Клиперс 127:115