Ерик Тен Хаг веќе бил на интервју во Манчестер Јунајтед

153

52-годишниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, веќе бил интервјуиран од Манчестер Јунајтед во врска со неговото преземање на клупата на „црвените ѓаволи“ следната сезона. Како што објави Дејли Меил, Манчестер Јунајтед се надева дека ќе донесе одлука за името на новиот менаџер пред крајот на следниот месец и ќе го објави назначувањето што е можно поскоро.

Тен Хаг не е единствениот со кој раководството на клубот ќе разговара. Предвидени се интервјуа со уште неколку сериозни кандидати. Актуелниот менаџер на Челзи, Томас Тухел, повеќе не се смета за остварлива опција за местото главен тренер на Манчестер Јунајтед, што значи дека со него најверојатно нема да бидат отворени преговори. Со другите имиња, меѓу кои и актуелниот тренер на ПСЖ, Покетино, ќе се разговара во следниот период.

ПретходноБошко пречекан во Параду, за неколку дена го чека прво големо дерби (ВИДЕО)
СледноШок за фановите во Палермо: После 18 часот забранета е продажба на алкохол!!!