Италија верува во Манчини: Останува селектор дури и ако не ја мине Македонија

212

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина,  во пресрет на плеј-оф мечот со Македонија во интервју за весникот „Ла Република“, потврди дека Роберто Манчини ќе остане на кормилото на „аѕурите“, без разлика на исходот од овие плеј-оф дуели.

„Европското првенство е историја и сакам да одам во Катар. Во случај да не успееме, нема да поднесам оставка. Исто така и Манчини останува“, изјавил Гравина.

Оваа негова изјава е дополнителен елан во гради за селекторот на Италија, кој во пресрет на четврточниот дуел во Палермо ќе биде ослободен од притисок за евентуален отказ по неуспех во овие баражи за Мундијалот во Катар.

ПретходноВерати: Донарума е еден од најдобрите голмани во светот
СледноBuongiorno „tutti“ за Македонија! (ФОТО)