Репрезентацијата на Италија, нашиот ривал на утрешниот бараж полуфинален дуел за пласман на Мундијалот во Катар предмалку пристигна во базата во Палермо, каде што утре од 20:45 се игра дуелот против Македонија.
Во нивни препознатлив, италијански стил, „Азурите“ пристигнаа во хотелот и покажаа класа каква што и им доликува на трофејна и реномирана репрезентација.
Сепак, костумите, очилата и фризурите, играат улога се до почетокот на натпреварот, а тогаш игра нешто друго. Игра силата, мотивацијата, желбата и срцето. А тоа Македонија го покажа дека го има на претек.