Каква “бомба“: Меси и Халанд заедно, но не во ПСЖ…

1788

 

Медиумите во Шпанија утринава „лансираа“ вистинска бомба. Имено Барселона по секоја цена сака да направи супер тим за следната сезона, во која ќе тргне и во освојување на Лигата на Шампионите.

Па така планот е по секоја цена да се доведе Ерлинг Халанд. Јасно е дека ова од финансиски аспект е многу тешко, но во Барса се уверени дека може да излезат на крај со барањата на Норвежанецот.

Сепак, тоа не е се. Имено по само една година мината во Париз, Лео Меси, најдобриот фудбалер во историјата на каталонската гордост, би се вратил на “Камп Ноу“.
Халанд и Меси заедно во Барселона? Немојте да се изненадите ако тоа се случи во следната сезона“ е изјавата на Енрик Масип, првиот советник на Хоан Лапорта, претседателот на Барса.

ПретходноФабио Капело: Сиот респект за Македонија, но Италија мора да победи!
СледноСелекторе, роденденот нека биде победнички!