Капитенот на Челзи призна: Живееме ден за ден

493

Капитенот на Челзи Сесар Аспиликуета призна дека има голема несигурност во екипата и практично сите во клубот живеат ден за ден. Тој зборуваше за ова за време на прес конференцијата на националниот тим на Шпанија.

„Несигурноста во Челзи е голема, но ние фудбалерите треба да работиме. Влегуваме во завршна фаза на сезоната и таа ситуација е надвор од нашите можности. Мојата иднина? Не е момент да зборуваме за тоа. Тоа што научивме за  време на пандемијата е да живееме ден за ден и во Челзи го правиме токму тоа“, изјави Аспиликуета кој се надоврза на мечевите од ЛШ против Реал Мадрид.

„Не знам дали ќе играме против Реал Мадрид со публика или пред празни трибини. Ќе излеземе против „кралевите“ кои ја покажаа својата сила во дуелите со Пари Сен Жермен. Би сакал да имаме наша публика на мечот на „Стемфорд Бриџ“. Многу работи не ни се јасни. Живееме во несигурност, но сме обединети“, додаде Шпанецот.

 

ПретходноНант убедливо до 1/4 финале во Купот, Лазаров речиси перфектен
СледноСтарт за во затвор, а нема ниту жолт картон, пенал никако! (ВИДЕО)