Јирген Клоп со Ливерпул има договор до 2024 година, после тоа неверојатно ќе го напушти „Енфилд“. Германскиот стратег на клупата на „црвените“ дојде во октомври 2015 година и тоа се покажа како полн погодок на челниците на премиер-лигашот.
Клоп од Ливерпул направи вистинска машинерија, успеа да освои се што речиси можеше. До крајот на договорот му остануваат неполни три години, а англиските медиуми пишуваат дека веќе преговара за неговиот нов ангажман.
Фудбалската федерација на Англика сака да го донесе на клупата на репрезентација по заминувањето на Герет Саутгејт. Неофицијално тој покажал голема желба во иднина да биде селектор на овој национален тим, но јасно порачал дека тоа ќе го стори по завршување на договорот со Ливерпул.
Тој има одличен однос со англиските фудбалери, голем дел од играчите на Ливерпул играат за Англија.
Веќе долго време се пишува дека Клоп се заситил од клупскиот фудбал и сака нов предизвик, па Англија ќе биде вистински избор за промени во неговата кариера.