КУП НА МАКЕДОНИЈА: Е.Пелистер 2 е последниот патник на Ф4

513

Е.Пелистер 2 обезбеди место на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија, па Битола ќе има два учесници. Избраниците на Александар Јовиќ убедливо го совлада Прилеп со 22-38 во финалето од групата Г.

Белистојановски со девет погодоци, Ѓорговски со осум и Петар Атанасијевиќ со шест го предводеа својот тим до победата. На другата страна Шокоски постигна шест погодоци.

Е.Пелистер 2 не виде мака на овој натпревар, истиот го реши уште по првото полувреме по кое имаше позитива од 11-20.

Претходно место на Ф4 покрај Е.Пелистер обезбедија Бутел Скопје и Вардар.

ПретходноМомци Македонци: Одиме со верба во себе, вие можете! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноИ Русија поднесе кандидатура за организатор на ЕП!