Манчини: Не гледам фаворит на мечот, Македонците се добро тактички подготвени

429

Италијанскиот селектор Роберто Манчини на прес-конференција зборуваше за претстојниот дуел со Македонија во баражот за пласман на СП 2022. Тој објасни зошто се фокусирал на истите играчи кои го освоија ЕП, а не гледа фаворит во баражот.

Немавме многу време за рехабилитација по долгите патувања и многу натпревари, па имавме само половина ден да ја спремиме тактиката. Затоа се фокусирав на истите играчи кои го освоија ЕП затоа што знаат што треба да направат“, изјави Манчини.

Му пристапуваме на мечот со голема сериозност. Се може да се случи во текот на 90 минути. Не гледам фаворит на овој дуел. Не ни сакам да мислам поинаку дури и ако така пишува на хартија. Македонците добро се бранат и имаат добра техника, да не заборавиме дека ја совладаа Германија во квалификациите. Мора да бидеме трпеливи, почнуваме од 0:0 и не треба да се залетуваме како да мора да го свртиме резултатот. Ќе биде убаво што ќе играме пред полни трибини. Исто така е одлично што по две години ова ќе ни биде првиот меч кој ќе го играме со 100% исполнетост“, додаде италијанскиот селектор.

ПретходноКиелини: Ни треба сигурност и смиреност, а Македонија не е во баражот случајно
СледноПогба: Во грабежот ми го украдоа златниот медал од Мундијалот во Русија