Репрезентацијата на Србија пак до 21. година, нашиот следен противник (четврток 17:00) е во преодна фаза. Има нов селектор во името на Горан Стевановиќ и прави смена на генерации со оглед на фактот што петте освоени бодови до сега во оваа кампања за нив истата ја прават исклучително неуспешна.
Па така, со ваков сплет на околности србите влегуваат во дуел со нас, и од истиот бараат три бода и победа. Дали ќе дојдат до нив, зависи и многу од нас, иако противнико како што самиот изјавува е полн со самодоверба.
„Без разлика на тоа кој е противникот, и каков рејтинг има истиот ние мора да одиме на победа. Сериозно се подготвуваме за овој дуел, го анализиравме противникот, и знаеме кои се неговите слаби страни. Со новиот селектор се запознаваме во од што се вели и веднаш се создаде добра атмосфера во тимот. Подготвени ќе го дочекаме овој дуел. Најважно е да бидеме ефикасни и да ја сочуваме нашата мрежа најдобро што можеме“ – изјавува пред натпреварот во Македонија, Стефан Митровиќ, напаѓачот на Чукарички.
Билетите чинат 200 динари
Дел од македонската публука најави доаѓање во Белград за утрешниот дуел на стадионот Вождовац, од 17:00 часот, па како информација за нив пренесуваме дека билетите ќе чинат 200 динари.