Пандев: Македонија ќе го нема Елмас, тоа е предноста на Италија!

287

Горан Пандев, легендата во фудбалска Италија, икона на мак – фудбалот, секако дека е интересен за медиумите на „Чизмата“.Во пресрет на утрешниот бараж дуел со Италија, тој деновиве дава интервјуа за речиси сите позначајни медиуми во таа земја.

Секако дека неговит збор значи нешто во Италија…

“Македонија ќе го нема Елмас. Е, тоа е предноста на Италија. Познато е што тој значи за нашата репрезентација, тој е клучниот играч. Штета. Јас сум уверен дека и без него сите наши фудбалери против Италија ќе дадат се од себе. Играњето на гости кај актуелниот европски првак за нас не е идеално. Но исто така притисокот е кај нив, не кај Македонија. Ние сме мотивирани, сепак ние сме со балкански менталитет.Можеш да ја победиш Германија а потоа да загубиш од Андора“ посочи меѓу другото Горан Пандев.

ПретходноШок за фановите во Палермо: После 18 часот забранета е продажба на алкохол!!!
СледноФабио Капело: Сиот респект за Македонија, но Италија мора да победи!