Во големата еуфорија која што ја зафаќа Македонија пред утрешниот бараж дуел на нашиот национален тим против Италија за пласман на Мундијалот во Катар се приклучува и сега веќе порашениот наш капитен Горан Гранде Пандев.
Тој во опширно интервју за српскиот дневен спортски везник Журнал го дава своето мислење за овој за нас историски натпревар, и го кажува она што сите сакаме да го слушнеме.
„Секако дека од се срце ќе навивам за Македонија. Мора да истакнам дека фудбалот е чудна работа, а ние во последнтие пет шест години напредувавме максимално. Селекторот Благоја Милевски одлично го познава овој состав, затоа што голем дел од играчите се генерацијата која што тој ја водеше на ЕП во Полска во 2017 за играчи до 21. година. Неговиот потег да се прекомандуваат сите тие играчи од У21 во А репрезентацијата се покажа како полн погодок. Има екстра квалитет во Елмас, Велковски, Ристовски, Трајковски, Муслиу… “ – вели Пандев.
Потоа тој нагласува дека има намера на крајот од оваа сезона да престане со активното играње фудбал, односно потврдува дека оваа полусезона во Парма е последната која што ќе ја мине на зелениот терен.