Пелистер „капитулираше“ пред Хелиос

289

Пелистер не успеа да продолжи во победнички ритам, на вториот меч во „балонот“ во Широки Бриег е поразен со 85-81 од Хелиос. Битолчани одиграа меч со бројни пресврти, не му дозволија на фаворитот лесно да мине на оваа средба, штета што на крајот не дојдоа до триумф.

Вториот македонски претставник го запиша деветиот пораз оваа сезона, на последната средба од регуларниот дел, ќе игра против Спарс, дуел за избегнување на последното место на табелата.

Пелистер имаше водство до средината на последната четвртина (68-74), но противникот со серија од 9-0 успеа да се врати во игра и да поведе со 77-74. Тимот на Хелиос ја задржа предност, откако во самиот финиш битолчани не ги искористија пружените шанси, Кесар промаши две слободни фрлања, додека Ѓуроски изгуби топка, на крајот Малешевиќ не успеа да постигне тројка за изедначување. На другата страна Хелиос стави печат на победата.

Малешевиќ постигна 18 поени, Караџовски реализираше 12 поени, еден поен помалку запиша Ѓуроски. Блаж Махкович запиша 32 поени во победата на својот тим.

ПретходноСтарт за во затвор, а нема ниту жолт картон, пенал никако! (ВИДЕО)
СледноАсвел во пенал завршница го реши Жалгирис, Олимпијакос падна кај Монако