Ристовски: Горд сум што сме тука! Ќе играме за желбата на сите Македонци!

233

Капитенот Стефан Ристовски пред новинарите на прес конференцијата на стадионот „Ренцо Барбера“ го најави утрешниот бараж меч со Италија. Тој е лидер на овој национален тим кој се бори за историски подвиг на Македонија:

Горд сум што сум тука на оваа прес конференција и предводник како капитен на оваа репрезентација. Дојде и тој ден да играме бараж за пласман на СП. За нас нема поголем мотив да се игра на еден ваков голем меч против европскиот првак“, вели Ристовски.

На селекторот ден по дуелот му е роденден а капитенот за тоа нагласи:
Не знаев дека му е роденден на селекторот. Се надевам дека ние ќе му ја исполниме желбата како и на секој Македонец“.

Кои се најопасните страни на Италија!?

Имаат голема конкуренција. Тие се европски прваци и не би издвојувал никого. Тие се најсилни како колектив. Сеедно кој ќе игра за нив. Сите се одлични играчи. Знаеме што значат Бонучи и Кјелини во играта на Италија. Јас се надевам дека нашите напаѓачи ќе го искористат тој податок што и двајцата не играат„.

Имаме ли подготвено сценарио за славење? „Не, тоа спонтано доаѓа…

ПретходноМилевски: Спремни сме за сите сценарија!
СледноДобредојдовте Македонци светна на „Ренцо Барбера“!