Благоја Милевски на 25 март ќе полни 51 година. Утредента по баражот со Италија во Палермо, на нашиот селектор ќе му биде роденден. Секака дека сите од се срце посакуваме тој роденден да му биде победнички, да го запамети засекогаш.
Којзнае, можеби во авионот на враќање кон Скопје, покрај триумфот над Италија ќе го славиме и 51-от роденден на Милевски.
Но, за тоа потоа, сега поважно е нашите “рисови“ да одиграат утре вечер на “Ренцо Барбера“ како само тие што знаат. Да ги испочитуваат советите на Милевски и да ја израдуваат фудбалска Македонија.