Шок за фановите во Палермо: После 18 часот забранета е продажба на алкохол!!!

1005

Каков шок за фановите во Палермо кои ќе го следат утрешниот натпревар меѓу Италија и Македонија за пласман на СП во Катар. Имено како што утринава известуваат медиумите од Палермо, градоначалникот на градот вовел забрана за продажба на алкохолни пијалоци после 18 часот. Оваа забрана важи за денеска и утре. Исто така им се наредува на локалните ресторани и кафитерии, да мора да затворат до 24 часот.

Секако дека ова најмногу ќе ја погоди “фалангата“, која е навикната да направи супер атмосфера, каде и да биде тоа. А секако дека без чашка или шише пиво не оди тоа така.

На оваа забрана веднаш реагираа сопствениците на локалите, но ќе видиме дали оваа забрана ќе биде укината или пак градоначалникот нема да попушти.

ПретходноЕрик Тен Хаг веќе бил на интервју во Манчестер Јунајтед
СледноПандев: Македонија ќе го нема Елмас, тоа е предноста на Италија!