Утро е во Палермо, ден пред утрешната историска битка со Италија за пласман на Македонија во финалето од разигрувањето за пласман на СП 2022.
Утринскиот поздрав за сите доаѓа од хотелот “Гранд Ет Дел Палмас“, каде се сместени нашите фудбалери. Добро утро за сите од Александар Трајковски кој е во „неговото“ Палермо и нашиот лав, Аријан Адеми.
Денеска многу патишта на наши навивачи водат кон Палермо. Градот од синоќа е во „црвено-жолтите“ бои. Се очекувата околу две до три илјади наши фанови кои исто како и фудбалерите ќе водат тешка битка со побројние домаќини на стадионот Ренцо Барбера кој е со капацитет од 36.000 гледачи.