Асвел во пенал завршница го реши Жалгирис, Олимпијакос падна кај Монако

966

Кошаркарите на Асвел го совладаа Жалгирис на гостински терен со 72-68 во рамките на 31 коло во Евролига. Ова беше дуел на двете од трите најслабо пласирани екипи во ова натпреварување, екипи кои беа без победа во последните неколку натпревари.

Резултатска неизвесност имаше во текот на целиот меч, а Асвел во пенал завршница успеа да дојде до предност од четири поени, домашниот состав немаше одговор. Окобо со 21 поен го предводеше својот тим.

На втората средба Фенербахче на гостувањето кај Басконија беше проазен со убедливи 77-62, второто полувреме го пресуди победникот на овој меч. Домашните кошаркари, истиот го добија со 45-22.

Олимпијакос беше убедливо поразен кај Монако со 92-72. Грчкиот тим одигра катастрофално во втората четвртина во која постигна само девет поени, на другата страна противникот реализираше 29 поени. Олимпијакос ја подобри играта во следните два периоди, но немаше сили да ја надокнади големата негатива.

За Олимпијакос ова беше деветти пораз оваа сезона, додека на другата страна Монако го запиша 12 триумф и се искачи две места погоред на табелата, сега се наоѓа на шестата позиција.

Џејмс со 25 поени, три скока и четири асистенции го предводеше својот тим, кај гостите Везенков имаше18 поени.

ПретходноПелистер „капитулираше“ пред Хелиос
СледноКлоп после Ливерпул сака да го води тимот кој сите го избегнуваат!