Капитенот и “бомбардерот“ утре по 75-ти пат ќе играат за Македонија!

1087

Ако може да им се верува на податоците, тогаш утре Стефан Ристовски и Александар Трајковски ќе слават јубилеј. Имено и двајцата по 75-ти пат ќе играат за Македонија. Секако убава бројка, не е мала работа да одиграш толку натпревари во дресот на својата селекција.

Интересно Трајковски утре против Италија ќе игра “дома“. Имено тој дел од својата кариера ја мина токму во Палермо, каде на „Ренцо Барбера“ имаше одлични настапи.

Инаку Стефан Ристовски и утре ќе ја носи капитенската лента, а Трајковски како прв “бомбардер“ во актуелниот состав на репрезентацијата на Македонија со 19 голови, ќе посакува барем еднаш да ја тресе мрежата на Донарума.

И двајцата се дел од нашата најдобра репрезентација веќе цела една деценија.

ПретходноПелистер во поход на нова победа во АБА2-лига
СледноСтефан Ристовски : Го запрев Роналдо, знам како се запира Италија!