Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини пред новинарите уште еднаш потенцираше дека ја гледа Италија во Катар за осум месеци.
„Јас го имам на ум само сценариото А, вие грижете се за Б“, им рекол тој на италијаските новинари, уште еднаш потенцирајќи ја важноста на мечот со Македонија во четврток.
„Ние сме фокусирани само на Македонија, затоа што ако го загубиме првиот меч, вториот не ни значи ништо“, вели Mанчини.
Италијанскиот селектор не ја ни зема предвид идејата дека европскиот првак може да го прескокне Светското првенство, второ по ред, и наместо тоа вели дека претпочита добро да ги сокрие лошите чувства.