Пелистер во поход на нова победа во АБА2-лига

217

Екипата на Пелистер со победа го отвори „балонот“ во Широки Бриег, откако го доби дербито на дното против Осијек. Со овие бодови битолскиот тим направи чекор напред кон задржување на местото во второлигашката јадранска конкуренција.

Третата победа ги искачи на 11. позиција, а таму може да останат доколку вечерва (21 часот) дојдат до нова победа. Но, овој пат за противник ќе имаат далеку потежок ривал. Хелиос стои на патот на битолчани во походот за цел плен. Противникот се наоѓа на третото место на табелата.

Од Пелистер од кого се очекуваше многу оваа сезона, сега е вистинско време да ги оправда средствата кои се трошат на засилувања. За разлика од АБА2-лига, битолчани добро играат во домашниот шампионат, но надвор се под нивото.

ПретходноИталија пристигна во Палермо (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКапитенот и “бомбардерот“ утре по 75-ти пат ќе играат за Македонија!