Погба: Во грабежот ми го украдоа златниот медал од Мундијалот во Русија

204

Големата звезда на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција, Пол Погба во интервју дадено за „Le Figaro“ објави дека при грабежот кој се случи во неговиот дом на 15 март, криминалците покрај останатото го украле и златниот медал, кој Погба го освои со својата репрезентација на Мундијалот во Русија во 2018 година.

„Шокот беше уште поголем кога сфатив дека се украдени и скапоценостите кои и припаѓаат на мајка ми, но и златниот медал од Мундијалот во Русија. Ситуацијата беше ужасна затоа што моите деца заедно со дадилката беа во домот додека се случувал грабежот. Таа ги слушнала криминалците, ја повикала мојата сопруга и заедно се затвориле во една собра повикувајќи во исто време полиција“ – изјави Погба.

ПретходноМанчини: Не гледам фаворит на мечот, Македонците се добро тактички подготвени
СледноМилевски: Спремни сме за сите сценарија!