Фабио Капело: Сиот респект за Македонија, но Италија мора да победи!

434

Фабио Капело, еден од најдобрите тренери во историјата на Италија, секако дека има свој коментар за тоа што утре ќе се случува на “Ренцо Барбера“ во Палермо, на бараж дуелот меѓу Италија и Македонија.

Фамозниот Дон Фабио предупредува дека Македонија е сериозен ривал, дека не смее да се влезе потценувачки, но и дека неговата Италија мора да победи…

“Секоја чест, сиот респект за Македонија. Таа е добра репрезентација, но не можеме да мислиме дека се непремостлива пречка.Италија мора да победи на овој натпревар, тоа е задолжително, тука нема дилеми. За мене вистинскиот ривал ќе биде во финалето,Португалија или Турција“ посочи Капело.

ПретходноПандев: Македонија ќе го нема Елмас, тоа е предноста на Италија!
СледноКаква “бомба“: Меси и Халанд заедно, но не во ПСЖ…