И одново медиумите и целата спортска јавност во Италија се занимаваат со Јувентус. Иако утре играат бараж со Македонија, Италијанците во преден плант го ставаат заминувањето на Дибала од Јуве, но и заканите на првиот човек на Фудбалската федерација Италија, Габриеле Гравина кон „црно – белите“ од Торино.
Имено познато е дека во последно време Андреа Ањели, првиот човек на Јуве, се залага за враќање на пропадниот проект – Суперлига.
На ова Гравина денеска за медиумите истакна..
“Ако тоа навистина се случи, ако тој проект стане реалност, тогаш бидете уверени дека Јувентус ќе биде исфрлен од шамионатот на Италија. Суперлигата е погршен одговор на потребите на нашиот фудбал. Ние мора да размислуваме како тоа да го подобриме квалитетот во Серија А, а не да се занимаваме со проекти како што е Суперлигата“ истакна Гравина.