Палермо 24 март 2022 година. Дали овој датум ќе остане во вечно сеќавање на сите нас, на цела фудбалска нација, на цела Македонија? Тоа ќе видиме доцна вечерва, откако ќе заврши мечот од полуфиналето во плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022.
Италија ни е домаќин, силна, моќна, фудбалска велесила, актуелен европски шампион. Е, па што.
Играме и без Елмас, многу ќе ни фали, но имаме сила и знаење како тоа да одиграме и на крајот да се радуваме.
Селекторот Милевски рече дека од своите момци да одиграат и да уживаат во овој меч на „Ренцо Барбера“, но ние сите добро знаеме дека во соблекувлната, на тренинзите изминатите денови секако дека побара од нив и да победат.
Јасно е дека нема да биде лесно, рековме веќе копја е Италија. Но оваа генерација веќе неколку години наназад покажува зошто е нашата најуспешна во историјата, зошто се пласира на ЕП а е на два чекори до Мундијал.
Е, па, АЈДЕ ЛАВОВИ…цела МАКЕДОНИЈА е со вас.
Уживајте ВИЕ за да уживаме и ние…